Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Јаглехидратите, зедно со мастите и протеините, се есенцијални макронутриенти добиени од храната.
Извор се на енергија за телото, особено за мозокот. Телото ги претвара јаглехидрати во гликоза која клетките ја користат како гориво за своите функции.
Глукозата влегува во клетките со помош на хормонот инсулин. Колку повеќе глукоза има во крвта толку повеќе инсулин треба панкреасот да ослободи. Затоа јаглехидратите се поврзуваат со дијабетес.
Има две главни категории јаглехидрати – прости (шеќери) и сложени (полисахариди, скроб и влакна).
Шеќери – фруктоза и глукоза, моносахариди кои природно се наоѓаат во овошјето и некои зеленчуци, ги има и во преработените шеќери и некои засладувачи.
Дисахаридите (сукроза, лактоза и малтоза) природно се појавуваат во некои храни, во продукти од рафиниран шеќер и млечни производи (лактоза).
Скроб – растенијата складираат прости шеќери во форма на скроб како стабилен, долгорочен извор на енергија. Луѓето го разложуваат скробот со помош на дигестивни ензими, амилази. Ова бара време, се забавува влезот на глукоза во крвта и има помалку скокови на глукозата во крвта кои се јавуваат со внес на простите шеќери.
Влакна – отпорни се на разградување, од суштинско значење се за здравјето. Има два типа. Рстворливите се раствараат во вода, формираат супстанца слична на гел која служи како оброк за добрите бактерии во цревата. Нерастворливите не се раствараат во вода, поминуваат недопрени низ телото, служејќи како “чистачи” на дигестивниот тракт.
Нема препорачан внес на природни шеќери (овошје, некои зеленчуци) но нема апсолутно никаква човечка потреба од додадени шеќери.
Сложените јаглехидрати се поздрав избор, содржат влакна и скроб кој бавно се разградува. Се наоѓаат во целата растителна храна, во целите зрна, мешунките и зеленчукот.
Овошјето содржи шеќер фруктоза но е богато со влакна, витамини, минерали и фитохемикалии.
Некои цели растителни храни (благ компир) содржат и прости и сложени јаглехидрати.
При индустриска преработка сложените јаглехидрати се разградуваат и не доаѓаат како цела храна. Лебот, тестенините, житарките, крекерите направени од рафинирано брашно се без поголем дел од влакната што ги сочинуваат триците и лушпата на зрната.
Дали храната богата со јаглехидрати е добра зависи од тоа какви јаглехидрати содржи (прости или сложени) и дали се преработени. Најдобри се јаглехидратите кои се блиску до формата на цела храна.
Простите и преработените сложени јаглехидрати измешани со рафинирани шеќери, масти и адитиви ја зголемуваат тежината. Ултра-преработената храна со совршена комбинација на сладост, соленост и маснотија ја погодува “точката на блаженство” и тера да јадете уште и уште и покрај тоа што сте сити.
Целата растителна храна богата со јаглехидрати и влакна придонесува побрзо да се чувствуваме сити, јадеме помалку и затоа не предизвикува пораст на тежината. Водата и влакната помагаат да се наполни стомакот без дополнителни калории.
Целта е да се избере разновидна цела, непреработена храна богата со хранливи материи, сложени јаглехидрати, влакна, минерали и витамини и сиромашна со додадени шеќери и нездрави масти.
Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Ц
и сите јаглехидрати се лоши?