Д-р Екатерина Јурукоски, дерматолог, специјалист по естетска медицина
Првите знаци на стареење се формират на 25 години, но не се целосно забележливи. Меѓутоа, на 30 години веќе се изразени(се пројавуваат).
Мнозинство жени размислуват дека на 30 години не им требаат никакви интервенции на кожата да не ја направат состојбата уште полоша. Меѓутоа, естетска козметологијa е повеќе насочена на превенција отколку на отстранувањe на проблемот.
Кога треба да се почне?
Се разбира дека возраста не е индикацијa за инјeкциите, се зависи од индивидуалната состојба на кожата. До 30 години може да се прави мезотерапијa, ако има акни и постакни. По 30 годините во коктелот се додават пептиди, хијалуронска киселина и избледувачки состојки. На овие години може да се аплицира ботоксот и биоревитализација. Ако мимиката е многу активна и има брчки може да се направи бланширањe со помош на филер.
Како делуват инјекциите?
Ботулотоксинот ја блокира мимичната активност за да спречи формирање подлабоки брчки. Филери и биоревитализанти на база на хијалуронска киселина го исполнуваат обемот и измазнуваат брчки, ја хидрираат кожата.
Ако веќе има брчки какви инјекции се потребни?
На 30 години може да се решат проблемите на тие брчки што се појавуват или веќе ги има. Докторите по естетска медицина имат голем број апаратни методи, пилинзи, мезоконци. Тие го подобруват квалитетот на кожата и го спречуваат старењето.
Дали може да се комбинират третманите?
Третманите не само што може, туку треба да се комбинираат, меѓутоа на различно ниво. Филерот на база на хијалуронска киселина се аплицира длабоко во масното ткиво, биоревитализацијa во дерма на кожата, ботоксот во мускулот. Најпопуларна кај докторите е комбинацијaта на ботулотоксини и филери на база на хијалуронска киселина во еден третман.
Колку трае резултатот по третманот?
Вообичаено резултатите траат од 6 месеци до година, во зависност од типот на препаратот и индивидуалните особености. Ако внимавате на препораките од вашиот лекар резултатот ќе трае подолго време. Треба да се знае дека третманите поврзни со апарати и ласер јa намалуват трајноста на ботоксот и на филерите.
Треба ли да се корегира устата?
На 30 години веќе почнува да се губи обемот на устата, контурата веќе не е толку изразена. Овие промени може да се решат со мала количина на филер. Доволно е 0.5 мл да се освежи и да јa обнови устата.
Какви се контриндикациите?
Инјекции за убавина не се прават во период на бременост, во период на доење, ако во зона на корекцијa има херпес, егзема, псоријаза. Исто така не се прават третмани кога во анамнеза има алергијa на било какви состојки на производ или ако има инфламаторен процес на лицето. За различни инјекции има различни контриндикации.
Каква треба да биде негата по третманот?
До 30 години многу е битна нега во 3 постапки: прочистување, тонизација, хидратацијa. По 30 години треба да се додадат специјални серуми со ретинол и хијалуронска киселина. Исто така многу е битна нега во зависност на типот на кожата во регијaта на вратот и деколтето.