Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd
(www.hairclinicbalkan.com)
Дихидротестостерон, или ДХТ, е природен метаболит на машкиот полов хормон тестостерон. ДХТ нормално постои и кај мажи и кај жени затоа што обата пола имаат тестостерон, но во далеку различни нивоа. ДХТ игра значајна улога кај наследното губење на косата, кое е најчеста форма на губење на косата. Ако се борите со губиток на косата, можеби веќе сте слушнале дека кофеинот се спротивставува на ефектите на ДХТ.
Како и неговиот хемиски прекурсор, ДХТ е андроген, хормон кој го стимулира развојот на машките полови карактеристики. Простатата и тестисите кај мажи и јајниците кај жени, како и други системи на телото, секојдневно претвораат околу 10% од тестостеронот од телото во ДХТ.
Андрогенетската алопеција, или наследно губење на косата, е форма на губење на косата и кај мажи и кај жени. Кај овој тип на губење на косата, фронталната линија постепено се повлекува наназад во форма на буквата “М“. Иако постои генетска предиспозиција за овој тип опаѓање на косата, сепак и машките хормони, особено ДХТ, играат многу значајна улога.
Влакнените фоликули во предниот дел на косата, круната на главата и темето имаат рецептори за ДХТ, а фоликулите во задниот и страничните делови на главата немаат такви рецептори. Поради тоа образецот на опаѓање на косата се развива на почеток во предниот дел, со повлкување на преднаата линија и истенчување на косата на горниот дел на главата.
Со текот на времето, ДХТ ја намалува фазата на раст во циклусот на раст на влакното, што пак овезможува фазата на мирување да трае подолго. Хормонот исто така постепено ја намалува големината на афектираните фоликули, што предизивкува влакната да станат пократки и потенки по структура. Како што процесот продолжува и се забрзува, така напредува и опаѓањето на косата.
Група германски истражувачи открија дека кофеинот ги блокира штетните ефекти на ДХТ на фоликулите на влакното и го стимулира растот на нова коса. Истражувачите ги објавија своите наоди “International Journal of Dermatology”. Нивното истражување се базира in vitro студија на ефектите на кофеинот на пролиферацијата на влакнениот фоликул.
Меѓутоа, пиење повеќе кафе, чај или кола, нема премногу да ви помогне да ја спасите косата. Но локална апликација на кофеин, ќе ги стопира штетните ефекти на кофеинот и ќе помогне во раст на нова коса. Затоа производи за коса, како шампони и лосиони кои содржат кофеин се добар избор доколку сакате да го одржите растот на косата.