Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Зегин Интермедика
За некои физички проблеми, дијагнозата и третманот се јасни, пр. каменчиња во бубрег. Некои здравствени состојби се под влијание на фактори од умот и телото. Кога кажуваме ум мислиме на збир од мисли, чувства, верувања, ставови, спомени, минати исуства што го сочинуваат внатрешниот свет на една личност.
Мозокот и телото се во комуникација, си испраќаат пораки еден на друг за да бидеме здрави. Физичките симптоми влијаат на тоа што мислиме, како се чувствуваме и што правиме.
Алармниот систем “борба-бегство” е развиен за да нé заштити од опасност. Кога се чувствуваме загрозени, се ослободуваат хормоните на стрес, кортизол и адреналин, телото се подготвува за борба или бегство. Бидејќи мислите за ситуациите имаат голема улога и моќ, овој одговор се активира дури и ако не е корисен за решавање на проблемот (грижа за пари, страв за иднината).
Системи во телото кои се најмногу погодени од врската ум-тело:
– дигестивен систем – недуеност, гадење, дијареа, болка. Помеѓу мозокот и цревата има многу нервни врски.
– кожните промени, егзема, псоријаза се влошуваат во стресни периоди. Букнувањето на болеста повратно го зголемува стресот, се создава маѓепсан круг. Особата се грижи за изгледот на кожата или има неугоден свраб и нагон за чешање. Овие стресови дополнително ја вознемируваат кожата и го спречуваат смирувањето.
– срцевите симптоми се вообичаени во стресни и возбудливи ситуации, срцебиењер, зголемување на притисокот. Стравот дека овие симптоми се знак за нешто сериозно ги засилува срцевите симптоми создавајќи маѓепсан круг.
– проблеми со дишењето – недостаток на воздух е застрашувачко искуство и води до страв од смрт, се јавуваат повеќе физички симптоми, уште поотежнато дишење, поголема веројатност дека нешто лошо ќе се случи и напад на паника.
Болката е комплексен симптом, многу лично и субјективно, физичко и емоционално искуство, не можеме да ја видиме или измериме. Под влијание е на умот и телото, стресот, анксиозноста и депресијата.
Заморот е физички симптом на кој влијаат физички и ментални фактори: силна физичка активност, недостаток на сон, долг период на будност, но може да е и дел од проблемите со расположението, депресијата и анксиозноста.
Физички и психолошки фактори влијаат на тоа како мислите, чувствата и реакциите предизвикуваат физички промени во телото.
Хормоните на стрес, даваат сила за да излеземе од опасни ситуации, имаат привремени ефекти: срцебиење, потење, тресење, отежнато дишење. При хроничен стрес, кога хормоните често се ослободуваат, телото има помали шанси целосно да се опорави пред следниот стресен настан, имаат продолжени и несакани ефекти врз телото:
– имунолошкиот систем е помалку ефикасен
– заздравувањето е успорено
– варењето на храната е пореметено.
Стилот на размислување влијае на тоа како се чувствуваме, физички и емотивно. Ако размислуваме дека нешто лошо ќе се случи стануваме загрижени без разлика дали мислата е вистинита или не.
Нашите избори, работите што ги правиме или не ги правиме, влијаат на умот и телото.
Позитивна врска помеѓу умот и телото прави да се чувствуваме посреќни, позитивните настани имаат добар ефект и прават да се чувствуваме физички и емоционално подобро.