Д-р Оливер Зографски, ПЗУ „Зографски“ Велес
Воспалението на надворешното уво го зафаќа надворешниот ушен канал кој се протега до тапанчето. Се нарекува Отитис еџтерна. Најчесто е предизвикано од долготрајно задржување на вода во увото при бањање, туширање или пливање. Кога водата се задржува во увото, се лачи помалку ушна маст која е природната заштита од инфекции. Може да биде предизвикано и од болести на кожата како екцем, себореја или псоријаза. Прекумерно потење е исто така една од причините.
Но, воспалението најчесто се случува кога ушите се чистат или чепкаат со чепкалки или други остри предмети, со што настанува оштетување на кожата, што е подлога за инфекција.
Најчести причинители се бактерии како псеудомонас аеругиноса или Есцхерицхиа цоли. Инфекцијата може да биде и габична (отомикоза) кога предизвикувачи се аспергилус или цандида.
Симптоми
Во почетната фаза симптомите се полесни. Прво се појавува чешање, кое постепено се интензивира, па пациентите уште поагресивно го чепкаат со чепкалка. Потоа почнува да се јавува болка на допир, а постепено и лесно чувство на полност во увото. Како што се развива инфекцијата симптмите се потенцират. Болката станува се посилна и понеиздржлива и може да зрачи кон вратот. Кожата во каналот отекува и целосно го стеснува, што се манифестира со затнатост и намален слух. Како резултат на инфекцијата можат да отечат и околните лимфни жлезди. Често се јавува и исцедок кој понекогаш е гнојав. Доколку се развие поизразена инфекција можна е и покачена температура.
Третман
Треба да се направи преглед кај оториноларинголог доколку симптомите се потенцираат. Важно е да се исчисти надворешниот ушен канал и да се одстрани содржината. Со тоа се овозможува да се стават лекови во каналот.
Доколку се работи за полесна инфекција, може да се третира со 3% хидроген или 3% бор алкохол со што се прави дезинфекција и се намалува почетниот оток. Потоа се користат и кортикостероидни капки.
Најчесто е потребен треман со антибиотик и тоа локално во облик на антибиотски капки, кои често се комбинирани со кортикостероид. При ставањето капки потребно е да отстојат најмалку 15-20 минути во увото, па се препорачува лежење на спротивната страна со што инфицираното уво е на горната страна. Треба да се пази да не влегува вода во уво при бањање или туширање. Доколку инфекцијата е поизразена потребно и системско третирање со антибиотик.
Габичните инфекции се третираат со антимикотични капки