Д-р Ели Андонова, сопственик на ПЗУ „Дорабела естетик“
Под здраво и санирано забало покрај неприсуството на кариес, особено е важна состојбата во која се наога околното ткиво.
Сите заби се сместени во коската и се опколени со меко ткиво и гингива кои се составен дел од потпорниот апарат на забите. Иако се занемарува често, огромен проблем може да предизвикаат промените околу забите т.е дел од потпорниот апарат и непцето. Промената е видлива пред се визуелно и се нарекува гингивитис.
Тоа е површинска инфекција на непцето (гингивата) и скоро секогаш е асоцирана со лоша или незадоволителна орална хигиена. Промените може да варираат од блага промена во бојата и формата на непцето па се до интензивно црвенило со спонтати крварења кај потешки форми.
Во здрава уста, изгледот на гингивата е со бледо розева боја, таа просторите помегу забите го исполнува во вид на мали тиаголници и целосно има изглед налик на кора од портокал. Но при воспалување на непцата, таа видливо се менува.
Промената се забелжува првично со промена на бојата. Воспаленото непце нема повеќе розева боја. Таа е интензивно зацрвенета, а понекогаш дури и модра.
Друг знак е обликот на непцето помегу забите (интерденталната папила). Таа кај здрави непца е во вид на мали триаголниви кои при воспалението го менуваат својот облик и отекуваат. Имаат изглед на зрно од грозје, отечени, често пати болни на допир и крварат. При тоа видлива е промената во естетскиот изглед на пациентот.
Трет знак кој ни укажува на воспаление на непцето (гингивитис) е крварењето на непцата. При било каква провокација со храна, четка, допир крварат многу лесно, а во потешки случаи и спонтано.
Друг фактор кој ни укажува на гингивитис е миризбата од уста. И кај целосно средено забала ако месото(непцето) е воспалено миризбата на секретот кој се јавува при воспалението е јака и крајно непријатна. Особено интензивна наутро.
Гингивитисот во основа е предизвикан од присуство на дентален плак. Налепи на забите кои лесно и едноставно се отстрануваат со четкање. Неговото појавување исто така може да е поврзано со присуство на лоши пломби ( несоодветни реставрации) или забен камен. Овие состојби го отежнуваат отстранувањето на забниот плак, а со тоа фаворизираат создавање воспаление на непцето (гингивитис)
Кога е во поблага форма лесно се отстранува со подобрување на оралната хигиена. Ако има дополнителни фактори: присуство на забен камен или лоша пломба, се отстрануваат за да се подобри состојбата. Клучен фактор во третирање на оваа состојба е ефикасна домашна хигиена.
При оваа состојба најважно е:
– Запознавање на пациентот со заболувањето, односно со состојбата во која се наоѓа неговата уста,
– Укажување на пациентот која е причината (етиолошкиот фактор) и нивно отстранување. Присуство на дентален плак, забен камен, стари пломби….
– Појаснување на техниките за правилно оддржување на оралната хигиена и нејзино унапредување, особено при лоша или недоволна хигиена,
– Поттикнување на мотивацијата за оддржување хигиена, се јавува особено при појава на видливите подобрувања кои се јавуваат многу бргу после третирањето.
Гингивитисот е многу често заболување, чие превенирање во основата зависи од нашите навики за живот. Оралната хигиена треба да е исклучително важен дел од нашето секојдневие, како би го зачувале здравјето во оптимални услови. При секоја промена на состојбата на усната празнина, консултирајте се со вашиот стоматолог.