Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Витаминот А е есенцијален за здравјето. Растворлив е во масти, се чува во телото, се складира во црниот дроб каде се преработува и влегува во крвта за да може телото да го искористи.
Има одлики на антиоксидант, важен е за видот, растот, множењето и здравјето на клетките, репродукцијата и имунитетот.
Не постои еден витамин А. Тоа е група соединенија ретинол, ретинал и ретинил естри, растворливи во масти.
Повеќето луѓе со храната добиваат доволно витамин А. Веќе синтетизиран витамин А добиваме од широк спектар на храна од животинско потекло: месо (особено црн дроб), риба, живина и млечни производи. Животните и луѓето добиваат прекурсори на витамин А од растителна храна (провитамин А каротеноиди) кои телото ги претвара во активна форма на витаминот: зелен листест зеленчук, портокалово и жолто овошје и зеленчук, моркови, кајсии, спанаќ, диња, манго, тиква, благ компир, папаја, црвена или жолта пиперка.
Функции:
– ги штити очите од болести поврзани со стареењето (макуларна дегенерација, водечка причина за слепило), помага за заштита на рожницата и конјуктивата, помага за одржување на нормален ноќен вид. Потребен е за претварање на светлината која влегува во окото во сигнал кој се испраќа до мозокот. Активната форма ретинал се комбинира со протеин опсин во форма родопсин кој се наоѓа во ретината и е осетлив на светло. Еден од првите знаци на недостаток на витамин А е ноќното слепило, намален вид при слаба осветленост.
– предизвикува имунолошки реакции кои помагаат за заштита на телото од инфекции и болести. Важен е за заздравување на раните и обнова на кожата преку зголемување на продукцијата на колаген.
– неопходен е за репродуктивно и фетално здравје – за машкиот и женскиот репродуктивен развој, за здрава продукција на сперматозоиди и развој на јајце клетки, за време на бременоста за развој и здравје на плацентата и раст и развој на фетусот. Недостаток на витамин А се поврзува со неплодност.
– “индиректен” антиоксидант е кој помага да се регулираат гените вовлечени во антиоксидантните одговори, помага во заштита на клетките од оштетување од слободните радикали, го намалува ризикот од хронични болести, канцер, дијабеес, когнитивно опаѓање.
Бидејќи е растворлив во масти и се акумулира во телото можно е предозирање особено ако се зема како додаток. Затоа се препорачува витамин А од растително потекло и не се препорачуваат високи дози како додаток.
Предозирање се случува ретко: гадење, повраќање, вртоглвица, заматен вид, оштетување на црн дроб, болки во зглобови, главоболка, дијареа, иритација на кожа, дури и смртен исход.
“Каротеноза” е безопасна состојба. Кожата на дланките, стапалата и носот станува портокалова ако изедете многу моркови, испиете литри сок од портокалови и жолти овошја и зеленчуци.
Ретко се јавува вистински недостаток на витамин А кај луѓе кои јадат доволно разновидна храна. Недостатокот на витамин А поради внес на храна сиромашна со витамин А е главна причина за слепило меѓу децата што може да се превенира