Д-р Искра Петровска Шешова
Специјалист дерматовенеролог
Дерматолошко естетска ординација „Д–р Искра“
Дали акните се јавувват само кај млади во пубертет или и кај други возрасни групи?
Акните најчесто се јавуваат во пубертетот мегутоа не е исклучена можноста да се јават кај жени во средна возраст и тоа како резултат на хормонален дисбаланс, полицистични јајници или тумор на надбубрежна жлезда.
Дали честото чистење на лице е добро за кожа со акни ?
Не е добро честото чистење на кожа со акни и состојбата може само да се влоши. Причинители за настанување на акните се генетската предиспозиција, хормонален дисбаланс кој предизвикува зголемено лачење на лој, зголемено создавање на површински клетки кои ги запушуваат порите дополнително предизвикуаат воспалителен процес кои доведуваат до настанување на акни. Најдобар начин да се избегне овој проблем е нежно миење на лицето со млака вода со посебна медицинска дерматолошка козметика препорачана од дерматолог. Миењето да не биде повеќе од два пати дневно.
Дали шминката може да предизвика настанување на акни ?
Се зависи од типот на шминката која се користи и дали има комедогено дејсво на кожата и предизвикува зголемено лачење на лој. Затоа е важно долго време да не стои на нашето лице и да биде отсранета кога сме дома и одиме на спиење.
Дали самостојно отсранување на акни ќе ни помогне тие да исчезнат ?
Самостојно и нестручно отсранување на акни нема да ни помогне да ги излечиме сами само може дополнително да ја влоши состојбата.Затоа е важно отстарнувањето на акни со помош на третмани да се изведува во дерматолошка ординација под контрола на специјалист дерматолог. Ако се изведува од нестручни лица и во несодветни услови последиците може да се сериозни кој од своја страна ќе ве чинат повеќе од секој аспект.
Дали исхраната посебно чоколадите влијаат на настанување на акните ?
Генерално нема некоја поврзаност помегу исхраната и акните бидејќи се работи за генетска предиспозиција и хормонален дисбаланс на организмот. Мегутоа кај некои лица што имаат акни ако јадат повеќе чоколадо се зголемува нивото на инсулин во крвта и на тој начин се нарушува хормоналниот статус и можат да влијаат да има влошување на состојбата .