Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Мит: косата опаѓа само поради гените на вашата мајка
Вистина : Прегледување на фамилијарните фотографии може да ви помогне да видите дали вашите роднини имаат проблем со косата. Но не можете да ја предвидите ќелавоста само преку анализа на семејното дрво. Како и многу здравствени проблеми, така и губењето на косата е полигенетско, што значи дека судбина на вашата коса е детерминирана од прилично случајна комбинација на гени од блиски но и далечни роднини. Тоа значи, дека ако ќелавоста се појавува во вашата фамилија, независно дали по линија на мајка или татко, сепак има веројатност и кај вас да се јави губиток на коса.
Мит : Истенчување на косата се јавува поради старост
Вистина : Секако дека како што старее целото наше тело, и косата старее . Тој процес на стареење на косата се манифестира со истенчување и намален волумен на косата и се смета за нормална појава. За жал, не сме никогаш премлади да почнеме да ја губиме косата. Ако имате генетска предиспозиција, опаѓањето на косата може да се јави уште во 20-тите години и да прогресира агресивно. Кај мажи особено е чест прераниот губиток на коса. Ослабнување на косата кај жените може да се јави во 30-тите години како последица на анемија, проблеми со тироидна жлезда, хормонални флуктуации итн.
Мит : Пречестото миење на косата ќе предизвика ослабнување на косата
Вистина : Правилната и редовна хигиена на косата со адекватен шампон е ваш сојузник, а не непријател. Со миењето на косата само го чистите скалпот и тоа нема да влијае на коренот на влакното. Што се однесува на влакната кои опаѓаат при миење исто така нема место за паника. Тие веројатно го завршиле својот животен циклус и нормално ќе се обноват.
Мит : Витаминските суплементи го поттикнуваат растот на косата
Вистина : Ако причината за опаѓање на косата беше недостаток на витамини тогаш сите случаи на опаѓање лесно би ги решиле со адекватна суплементација. И покрај тоа што многу личности тврдат дека одредени витамински додатоци им помогнале во растот на косата, сепак нема доволно научни истражувања кои ќе потврдат дека една таблета ќе го поттикне растот. Но земањето додатоци кои ќе го поткрепат општото здравје може да бидат од помош за здравјето на косата исто така. Дневни мултивитамини се моја препорака.
Мит : Хормоните се причина за опаѓањето на косата
Вистина : Хормоните се еден дел од целокупната приказна ама не и пресудни. Опаѓањето на косата е мултифакторијално што значи дека повеќе фактори се во игра. Голем дел од нашите пациенти имаат совршено нормални нивоа хормони, но нивните фоликули генерално се поосетливи на дејството на тие хормони, особено на андрогените, машките хормони. Ако имате суперсензитивни фоликули, тогаш најдобриот третман е локален на ниво на скалпот, каде што е и проблемот. Природни тоници за стимулација на растот, ласерска биостимулација и мезотерапија се современиот пристап во третманот на алопеција.
Мит : Косата ви опаѓа поради стресниот начин на живот
Вистина : Стресот делува на нашето тело преку различни механизми. Сепак ненадејното опаѓање на косата, познато како телоген ефлувиум не се активира толку лесно колку што сакаме да мислиме. Стресот може навистина да даде опаѓање на косата, но притоа мислиме на голем физиолошки стрес а не секојдневните мали стресни ситуации. Поради неколку стресни недели на работа вашата коса нема веднаш да почне да опаѓа. Една од најчесите приини за телоген ефлувиум е всушност продувањето. Други причини се долга болест, општа анестезија, анемија и тироден дисбаланс, фебрилни состоби како и екстремни диети.
МИТ : Косата опаѓа поради активен сексуален живот
ВИСТИНА : Секако дека тестостеронот влијане на либидото и на вирилноста. Еден од најчестите митови е дека мажите кои ќелават, не само да имаат високо ниво на тестостерон туку и имаат поактивен сексуален живот од останатите. Но тоа не е вистина. Дури често мажи со наследна ќелавост имаат пониско ниво на циркулирачки тестостерон. Ама имаат повисоко ниво од ензимот кој го претвора тестостеронот во дихидритестостерон. Опаѓањето на косата се јавува поради дејството на дихидритестостеронот ( ДХТ) . Едноставно имате гени кои детерминираат висока остеливост на фоликулите на ДХТ.
Мезотерапија со микроинјеткирање на витамини, минерали и ДХТ блокатори во поткожното ткиво на скалпот ефикасно помага во повторен раст на косата.