Д-р Оливер Зографски, ПЗУ „Зографски“ Велес
-Што е вазомоторен ринитис
Вазомоторниот ринитис е воспаление на лигавицата на носот. Тоа е состојба кај која крвните садови во носот се прошируваат, што доведува до отеченост на лигавицата. Отокот предизвикува затнување на носот и малку позасилена носна секреција. Настанува поради нарушена рамнотежа на автомномниот или вегетативен нервен систем, кој влијае на ширењето и стеснувањето на крвните садови.
–Што го предивикува вазомоторниот ринитис
Секој може да реагира со вазомоторна реакција на носната лигавица. Ги афектира сите возрасти. Малку почест е кај женскиот пол после дваесеттата година од животот.
Во голем број случаи не се знае вистинската причина за појава на оваа состојба. Постојат повеќе фактори кои можат да ја оредизвикаат, таканаречени тригер фактори:
- чад од цигари, смог и други надворешни влијанија
- временски промени, студен воздух, сув воздух
- некои лекови
- поизразени емотивни состојби
- хормонални промени, најчесто за време на бременост
- алкохол
- зачинета храна
- хемикалии, силни мириси, парфеми
- хипотироидизам
- стрес
–Кои се симптомите на овој ринитис
Симптомите се слични како кај алергискиот ринитис. Најчест симптом е затнатост на носот, најчесто едната или другата страна наизменично. Зголемена секреција и течење на носот, како и повремено слевање на секрет во грлото. Ваквите симптоми можат да бидат привремени или постојани. За разллика од алергиите овде не се јавува чешање на носот, како и чешање и солзење на очите, или гребење во грлото.
Вазомоторниот ринитис може да даде компликации слични на алергискиот ринитис, вклучувајќи хроничен синузитис, воспаленија на уво, обструктивна sleep apnea, па дури и астма.