Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Ензимите, протеини составени од аминокиселини, се катализатори на клеточните процеси и биохемиските реакции во телото. Во телото има повеќе илјади ензими со различна функција.
Ензимите се важен аспект на долговечноста, помладите имаат многу повисоки новоа од постарите; производството на ензими почнува да опаѓа во доцните 20-ти.
Хронично болните особи имаат пониски новоа на ензими. Ензимската нерамнотежа или недостаток може да го зголеми ризикот за некои болести (хронични, автоимуни болести, рак).
Дигестивните ензими учествуваат во варењето и разградувањето на храната на хранливи материи. Има осум основни дигестивни ензими: протеаза, дигестија на протеини; амилаза, дигестија на јаглехидратите; малтаза, ги претвара сложените шеќери во глукоза; лактаза, дигестија на млечниот шеќер; липаза, дигестија на мастите; фитаза, за варење на храната, продукција на Б витамини; целулаза, ги разградува влакната; сукраза, дигестија на повеќето шеќери.
Метаболните ензими помагаат клетката да извршува различни функции, да произведува енергија и детоксикација.
Ензимите од храната ги има во сирова, неварена, непреработена храна. Ензимските додатоци се добиваат од растенија, животни, од одредени габи, бактерии и од сурова храна.
Ензимите не работат сами, се потпираат на одредени коензими. Еден од најпознатите е коензим Q10 (CoQ10), моќен антиоксидант, кој се наоѓа во клетките и е вклучен во создавање на енергија. Важен е при срцеви болести, во превенција на мигрена и јакнење на имунолошкиот систем.
Магнезиумот учествува во над 300 ензимски реакции. Потребен е за претварење на триптофанот во серотонин, невротрансмитер на менталното здравје и расположението.
Недостаток на панкреатични ензими води до малапсорпција на хранливи материи и прекумерен раст на бактерии, надуеност, гасови, запек; има улога во синдромот на нервозно црево (ИБС).
Природно може да се зголемат нивоата на ензимите со зголемен внес на сирова, жива храна, темелно џвакање на храната, избегнување на гума за џвакање.
Храна богата со ензими кои го зајакнуваат сопственото производство на ензими се никулците (семиња и мешунки), папаја, ананас, манго, киви, грозје, авокадо, мед, полен, ладно цедено маслиново масло, кокосово масло, ферментирани продукти.
Џвакањето го стимулира производството на плунка, колку подолго се џвака толку повеќе ензимите на плунката работат во устата.
Гумата за џвакање го прелажува телото дека нешто вари, непотребно се користат дигестивните ензими.
Додатокот на дигестивните ензими, мешавина од различни видови ензими, треба да се зема со оброк.
Системските ензими го подобруваат здравјето, се земаат на празен стомак, помеѓу оброци, за да може да се апсорбираат во крвотокот и клетките да ги користат за да се исчистат од натрупаните метаболити.
Серапептаза е протеоличен ензим кој се користи при болка и инфламација, артритис, траума, операција, синузитис, бронхитис, карпал тунел синдром, абсцес, болен оток на дојка, во максилофацијалната хирургија. Нема храна која содржи серапептаза.
Бромелаин е протеолитичен ензим кој се добива од ананас. Намалува болка и оток, особено во нос и синуси, жлебините, после повреда или хируршка интервенција, кај остеоартритис, дигестивни проблеми, мускулна болка.
Каталаза е круцијален ензим кој го намалува оксидативниот стрес. Ниски новои на каталаза може да играат улога во побелување на косата кај луѓето.