Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Тахикардија е медицински израз за срцева фреквенција над 100 отчукувања во минута. Нормален физиолошки одговор е срцето да чука побрзо како одговор на стрес, физички напор,возбуда, страв, болест, повреда.
Тахикардија се јавува при нарушување на ноормалните електрични импулси кои го контролираат ритамот на пумпање на срцето. Тоа може да е поради анемија, многу кофеински пиалоци, многу алкохол, лекови, пушење, вежбање, висока температура, висок или низок крвен притисок, стимулирачки наркотични средства (кокаин, метамфетамин), хипертироидизам, изненаден стрес, нерамнотежа на електролитите во крвта.
Природниот срцев песмејкер – синусен јазол/нодус сместен е во десната прреткомора, тамо се создаваат електричните импулси и започнува секое срцево отчукување. Потоа секој електричен импулс патува низ преткоморите, тие се стегаат (контрахираат) и ја пумпаат крвта во коморите. Импулсите стигнуваат до атриовентрикуларен (АВ) нодус каде се успоруваат пред да се испратат во коморите што овозможуа коморите да се исполнат со крв. Кога импулсите стигнат до мускулите на коморите тие се контрахираат и ја пумпаат крвта во белите дробови или низ телото.
Атријална фибрилација – најчест тип, предизвикана од хаотични, ирегуларни електрични импулси во преткоморите. Контракциите на преткоморите се брзи, некоординирани, слаби. Може да е привремена, но некои епизоди не престануваат додека не се добие третман.
Атријален флатер – контракциите се слаби, брзи и регуларни. Лица кои имаат флатер често имаат и атријална фибрилација во друго време.
Суправентрикуларна тахикардија (СВТ) – абнормален брз ритам кој заппочнува некаде над коморите. Предизвикана е од абнормално коло во срцето кое е присатно при раѓање и создава јамка на преклопувачки сигнали.
Вентрикуларна тахикардија – брз ритам кој започнува со абнормални електрични сигнали во коморите и не дозволува коморите ефикасно да се полнат со крв и да се стегаат, да ја пумпаат крвта низ телото. Епизоди на вентрикуларна тахикардија може да се брзи и да траат само неколку секунди. Ако трае подолго може да е животно загрозувачка и бара итен третман.
Вентрикуларна фибрилација се јавува кога брзи, хаотични електрични импулси предизвикуваат коморите да треперат наместо да пумпаат крв. Ова може да е смртоносно ако не се врати во нормален ритам во тек на неколку минути со електричен шок на срцето, дефибрилација. Вентрикуарна фибрилација може да се јави во тек или по срцев удар и при удар од гром.
Некои лица со тахикардија немаат никакви симптоми. Кога срцето брзо пумпа може да не пупа доволно крв низ телото, ткивата и органите не добиваат доволно кислород и се јавува краток здив, забрзан пулс, срцебиење, палпитации (непријатни, силни, ирегуларни или регуларни брзи чукања на срцето во градите), градна болка, синкопа (несвестица).
Ризик фактори: стареење, фамилијарно оптеретување, анемија, дијабетес, срцева болест, злоупотреба на алкохол или кофеин, висок крвен притисок, болест на тироидната жлезда, анксиозност, психички стрес, пушење, стимулирачки дроги.
Компликациите зависат од тоа каков тип на тахикардија е, колку често се јавува, колку долго траат нападите, дали има и други срцеви болести. Можни се крвни тромби (срцев или мозочен удар), срцева слабост, чести несвестици, нагла смрт (при вентрикуларна тахикардија или фибрилација).