Др.Искра Петровска Шешова
Специјалист дерматовенеролог
Дерматолошко Естестка Ординација Др.Искра
Акните се едни од најчестите хронични инфламаторни состојби на лојните жлезди кои се јавуваат во период на пубертетот.Лојот од лојните жлезди комбиниран со мртвите кератински клетки го запушуваат влакнениот фоликул настанува колонизација со бактерии и настанување на воспалителен процес и појава на акни.
Причини за настанување на акни се различни како што се :
Хормонален дисбаланс
Зголемена себацеална продукција
Стрес
Генетска предиспозиција
Се јавуваат како резултат на промена во хормоналниот статус при што има зголемено лачење на лој од лојните жлезди предизвикано од зголемена андрогена продукција .
Често е присутен генетскиот фактор кој има влијание за да се јават акни кај тинејџери каде што родителите имале акни
Некогаш се поврзува и со зголемениот гликемиски индекс во случај ако се јадат повеќе (јагленихидрати ) кој дејствуваат на зголемена андрогена продукција ,а тие од своја страна дејствуваат на лојните жлезди да создаваат повеќе лој и да се јавуваат акни.
Има различни видови на акни; папулозни ,пустулозни ,комедони ,цистични и други.
Можат да се јават во лесна ,средна и тешка форма .
Најчесто се локализирани на лице ,чело ,гради ,грб и раменици .
Од особена важност е терапијата која се препорачува кај пубертетските акни.
Прво е важно да се работи на психолошкот пристап кон адолесценот .Сепак се рабаоти за ранлива група на пациенти каде принципот на работа е специфичен и долготраен.
Важно е првиот преглед да биде направен кај дерматолог кој ќе ја постави точната дијагноза и ќе отпочне со соодветна терапија .
Постојат неколку значајни фази на кои треба да обрнеме внимание при лекувањето на акните.
Да се дејствува на намалување на продукција на лој( комедолитички )
Да се отстранат површинските кератински мртви клетки ( кератолотички )
Да се дејстува на уништување на бактериите присутни во каналот на лојната жлезда ( бактерицидно )
При третманот на акни прво се започнува со препорачана топична ( локална ) терапија која вклучува медицински дерматолошки производи кои се за акнеична кожа .Тоа се лосиони ,креми ,гелови кои во својот состав содржат бензоил пероксид , азелаична киселина
,салицилна киселина ,ретиноиди ,алфа хидрокси киселини и антибиотици и други.Терапијата која е препорачана од дерматолог треба редовно и дисциплинирано да се спроведува . Обично за првичните резултати ги гледаме после 12 недели . Ако се работи за потешки форми на акни се препорачува освен топична (локална ) терапија и терапија со антибиотици на база на тетрациклини ,еритромицин и понова група на макролидни антибиотици кои даваат одлични резултати кај третман на акни. Понекогаш во консултација со гинеколог може да се вклучи и хормонална терапија . Кај потешки облици на акни (нодуло-цистична ) се применува терапија со орални ретиноиди .
За постигнување на подобри резултати и во зависност од состојба и видот на акните терапијата некогаш се комбинира дури и се препорачуваат и третмани за чистење на лице( да се изврши комедоно екстракција со цел да се ослободи каналот на лојната жлезда ) ,третмани со микродермоабразија ( механички пилинг ) ,светлосна терапија ,хемиски пилинг ( со хемиска супстанција ) се со цел да се спречи понатамошното создавање на акни и да не дојде до создавање на лузни кои дополнително треба да ги лекуваме .Во третман на акни обично е најдобра комбинирана терапија за добивање на посакувани резултати.