Македонскиот ракометен шампион Вардар ги дозна и противниците во групната фаза Лигата на шампионите
Вардар ќе игра во група со шампионите на Германија, Данска и Унгарија. Но, од друга страна ги избегна екипи како ПСЖ, Барселона и Веспрем.
Вардар се најде во Групата А, а противници во новата сезона ќе му бидат ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпеље, Елверум и ППД Загреб.
“Црвено-црните“ во групната фаза ќе играат 14 кола, а најдобрите шест од секоја група продолжуваат во нокаут фазата. Сепак, за „Црвено-црните“ претставува проблем што ЕХФ го стави нашиот шампион под истрага и ќе мора да плати 1 милион евра како гаранција дека ќе се исплатат сите заостанати долгови.
Comments are closed.