Ванеса Брајант, вдовицата на НБА легендата Коби Брајант, денеска поднела тужба против сопственикот на хеликоптерот, во чиј пад минатиот месец погинаа нејзиниот сопруг, нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица.
Како што пренесуваат американските медиуми, Ванеса Брајант во тужбата навела дека пилотот постапил немарно и неодговорно, бидејќи на 26 јануари, денот кога се случи несреќата, самиот одлучил да лета при неповолни временски услови, место да се откаже од летот.
Инаку, во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес се оддржува комеморација во чест на Коби Брајант кој загина во трагичната хеликоптерска несреќа на 26 јануари во која животот го загубија уште осум лица, меѓу кои и неговата 13. годишна ќерка Џиана.
Датумот е симболично одбран – 24-ка носеше Брајант на дресот во вториот дел од неговата дводецениска кариера во која остана верен на Лејкерси.
Голем дел од американските медиуми, како ЕСПН, вршат директен пренос од емотивното збогување со Брајант.