Нов случај на вандализам во Скопје. Пиромани ги запалиле зимзелените дрвца што го оградуваа некогашното кафуле кај картингот кај арената „Борис Трајковски“.
На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии од опожареното зеленило, а дел од граѓаните алудираат дека палењето е намерно предизвикано со цел да се дооформат приватни парцели за изградба на згради.