Универзитетот во Оксфорд тврди дека дошле до голем напредок во светската трка за вакцина против коронавирус.
Многу научни тимови мораа да започнат со тестирање на мал примерок за да ја одржат безбедноста врз луѓето, но научниците од Институтот Џенер имаа предност во оваа трка затоа што во изминатата година направиле слични истражувања, односно тестирање на вакцини за претходната форма на коронавирус.
Затоа тие се меѓу првите во светската трка за вакцината „ковид-19“, јавува „Њујорк Тајм“ и ќе тестираат повеќе од 6.000 луѓе до крајот на мај, надевајќи се дека не само што вакцината е безбедна за луѓето, туку и дека делува против новиот коронавирус.
Научниците од Оксфорд велат дека нивната вакцина, доколку се оди добро, ќе биде достапна уште во септември.
NY Times пишува дека најновите вести од овој научен тим се многу охрабрувачки.
Шест мајмуни ја примиле вакцината од Оксфорд, по што научниците ги изложиле на високи дози на коронавирус. Од него заболеле сите мајмуни во лабораторијата, освен шесте кои ја примиле вакцината. Тие останале здрави и 28 дена по примањето на дозата.
„Овој вид мајмуни (Макаки-резус) е најсличен на луѓето“, рече Винсент Мунстер, истражувач кој го спроведува тестирањето на мајмуните.
Мунстер додаде дека следната недела ќе разговара за резултатите од оваа анализа и потоа ќе објави научен напис во некое од списанијата.
Имунитетот на мајмуните не е гаранција дека вакцината ќе обезбеди исто ниво на заштита кај луѓето. Кинеска компанија Синковак, која неодамна започнала со клиничко тестирање на примерок од 144 учесници, исто така, истакна дека вакцината била ефикасна за овој вид мајмуни.
„Се работи за многу, многу брза клиничка програма“, рече Емилио Емини, шеф на програмата за пронаоѓање вакцини на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која финансира повеќе компании да пронајдат решение за новиот коронавирус.
Невозможно е да се дознае која потенцијална вакцина ќе се покаже најдобро додека податоците за тестот не станат достапни.
Емини објаснува дека дефинитивно ќе бидат потребни повеќе од една вакцина. Некои вакцини се поефикасни од другите, особено во групи како што се деца или постари лица. Или тие се разликуваат по цената и дозите. Секако дека е подобро да имате повеќе опции од само една при производство на вирус.
Истражувањето на научниците од универзитетот Оксфорд, доколку биде неуспешно, ќе обезбеди важна лекција за природата и однесувањето на коронавирусот и како тоа влијае врз имунитетот.