Вакцината „Ковид-19“ има позитивен ефект врз менталното здравје на имунизираните Американци, дури и по првата доза, објави Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Истражувањето, финансирано од Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, беше спроведено на околу 8.000 Американци,
„Вакцинацијата може да го подобри квалитетот на животот, перформансите на работа, да им овозможи на луѓето да продолжат со вообичаените активности, да станат социјално поактивни, да се вратат во канцеларија или да добијат работа“, велат научниците.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести вели дека „мерките за јавно здравје, како што се физичкото растојание, се неопходни за борба против пандемијата“, но и дека „тие создаваат чувство на изолација и осаменост кај луѓето и можат да предизвикаат стрес и вознемиреност“.
Вакцинацијата може да ги спречи овие штетни последици, вклучително и „недостаток на интимен контакт“, за кој експертот од Сорбона, Луиз Кирш и колегите од Универзитетот во Лондон велат дека е „поврзан со зголемена вознемиреност и поголема осаменост“.
Студијата Кирш, спроведена за време на првото затворање минатата година, укажува на „важната улога на меѓучовечкиот и особено интимниот контакт во стресни времиња“.
„Интимниот контакт, спротивен на пријателскиот и професионалниот, беше најмалку скратен во пандемијата, но токму овие другите се покажаа како најважни за психолошкото здравје“, се вели во студијата.