763
			
				            
			
			        
    Вакцините нема да пристигнат на време за борба против вториот бран на пандемијата на коронавирус, и многу земји ќе продолжат да се борат без вакцината, предупреди СЗО.
Претставникот на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека „ќе поминат најмалку четири до шест месеци пред да има доволно вакцини насекаде“.
Тој предупреди дека на вакцините не треба да се гледа како на „магична работа“.
„Сè уште не сме стигнале до вакцините“, рече Рајан и покрај неодамнешните најави за ветувачки вакцини за кои се вели дека се 90 проценти или поефикасни.

 
											