Кампањата за вакцинација во романскиот округ Јаломица, започнала вчера на пладне. Сепак, кога пристигнале вакцините, лекарите биле зачудени: дозите биле распоредени во кутии за пица.
Координаторот на националната кампања за вакцинација во Романија, д-р Валериу Георгица изјавил дека станува збор за пакувања, кои навистина наликуваат на кутии во кои се врши достава на италијанскиот специјалитет, објави романскиот портал „Адеварул“.
„Не знам за оваа ситуација. Кутиите што ги доставува производителот се навистина слични на кутија за пица, но тие содржат 195 шишиња. Практично пакетот содржи пет такви кутии, што значи приближно 5.000 дози. Тоа што е значајно е дека се внимава на потребната температура, а амбалажата е навистина неважна“, рече Валериу Георгица.
Според „Independentonline.ro“, 45 членови на медицински персонал биле вакцинирани во болницата за итни случаи во округот Слобозија, од 61 шише со вакцини, кои се дистрибуирани во округот Јаломица. Од Главниот центар за складирање на институтот Кантакузино, соопштиле дека дозите потребни за имунизација на првите лекари во округот биле дистрибуирани во болниците во Слобозија, Фетешти и Анџереи. Во болницата за итни случаи во округот Слобозија, вакцината исто така пристигналa во кутии за пица, но тоа не ја спречила кампањата за вакцинација.