Микробиологот д-р Никола Пановски во Студио 10 на ТВ24 изјави дека најверојатно до јуни сите ќе имаме стекнато природен имунитет.
„33.000 дози од вакцината против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни. Здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Најверојатно вакцинирањето од грип е беспотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, но речиси половина од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80% ќе живееме нормално“ вели проф. д-р Никола Пановски