Кал (59) и Линда (66) Данам од Мичиген починале во неделата, објавија нивните роднини.
Се чувствувале лошо на почетокот на месецот, за време на кампување, рекла нивната ќерка Сара Данам.
-Татко ми ми се јави пред кампувањето и ми рече дека не се чувствува добро, но дека мисли дека се работи за синусите. Тогаш и мајка ми се пожали и рече дека настинала од него, рекла ќерката за странските медиуми.
Третиот ден ѝ рекле дека мора да одат бидејќи не се чувствуваат добро. За неколку дена завршиле во болница, а потоа и на апарати за дишење. Во неделата, лекарите го известиле семејството дека не можат да направат многу повеќе. Креветот на Кал потоа бил однесен во собата на Линда. Тие починале еден до друг, држејќи се за раце. Кал во 11.07, Линда во 11:08.
И тој и неговата сопруга биле вакцинирани против коронавирусот во мај. Медиумите пишуваат дека имале здравствени проблеми и пред коронавирусот.
Нивната ќерка рече дека Кал и Линда направиле се заедно во животот, оделе во црква, на патувања, уживале во семејството, внуците…
-Нивната љубов, која ја најдоа по претходните бракови, беше фантастична. Тоа беа луѓе на кои ќе гледате и мислите дека сакате да бидете такви кога ќе стареете, да сакате таква љубов на нивна возраст, рекла Сара.
-Таа секогаш се шегуваше, велејќи му „ќе одиш пред мене, но јас ќе те следам веднаш, ти ветувам“. И таа навистина го стори тоа, рекла ќерката.
Comments are closed.