Повеќето од заразените со коронавирусот кои мораа да бидат хоспитализирани не беа вакцинирани или беа вакцинирани со само една доза од вакцината.
Сепак, има и такви кои ги примиле двете дози на вакцината и сепак завршиле во болница. Оваа ситуација се случува не само во Македонија, туку и во целиот свет.
– Веројатноста вакцинираните лица да се заразат со Ковид-19, ако носат маски и ги почитуваат мерките, е многу мала – вели д-р Татјана Аџиќ Вукичевиќ за српските медиуми.
– Сепак, треба да се има предвид дека имунитетот по првата и втората доза на вакцината трае кратко, најмногу шест месеци и затоа треба да ја примиме третата доза.
Според неа, луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината, а потоа се заразиле со Ковид-19, не треба да ја „прескокнуваат“ засилувачката, бустер доза.
– Како и секој што го прележа Ковид -19, и по шест месеци треба да ја прими третата доза од вакцината – вели директорот на ковид-болницата во Батајница.
Comments are closed.