Британски научници започнаа со тестирање на вакцина против туберкулоза, позната како Бе-се-же, која беше изработена во 1921 година, за да утврдат дали може да им помогне на луѓето со ковид-19.
Околу 1.000 волонтери се пријавија да учествуваат во оваа студија, која ќе биде спроведена на Универзитетот во Ексетер во југо-западна Англија, со цел да се утврди дали вакцината Бе-се-же може да спаси животи на луѓе со COVID-19.
Се верува дека милиони Британци, кои биле вакцинирани со Бе-се-же како деца, треба повторно да го примат за да имаат ефект во случај на корона инфекција со вирусот.
Научниците се надеваат дека вакцината Бе-се-же може да работи и против вирусот корона.
-Постои солидна теорија која вели дека вакцината Бе-се-же може да има корисен ефект врз заразените со вирусот корона. Јас гледам на тоа како можност да се заштитам до одреден степен оваа зима – изјави Сем Хилтон од Универзитетот во Ексетер за ВВС.
Генералниот директор на Светската здравствена организација, д-р Тедрос Адана Габрејесус, е еден од коавторите на студијата објавена во медицинското списание „Lanset“, што укажува на тоа дека вакцината Бе-се-же може да биде „лек што ќе го премости периодот до откривањето на специфична вакцина против COVID-19“, се наведува во текстот на ВВС.
-Тоа може да биде значаен одговор на COVID-19 и некоја идна пандемија, иако Бе-се же не може да биде долгорочно решение – наведува магазинот.