Германските лекари постигнаа голем успех во потрагата по лек за коронавирусот, бидејќи тие успеаја да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките.
– Ова е јасен напредок што покажува дека ние сме на вистинскиот пат кон развој на лек за „Ковид-19“ – објасни Лука Цицин-Саин од центарот Хелмхолц за истражување на заразни болести во Брауншвајг.
Весникот „Брауншвајг цајтунг“ објави дека Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки направени човечки антитела.
Притоа, тие пронашле повеќе од 750 антитела кои се закачуваат на коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.
Сега ќе се тестира ефикасноста на антителата.
Целта на научниците е да најдат лек со кој тешко заболените корона-пациенти можат да бидат акутно лекувани.
„Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација“, објасни Стефан Дибел од Техничкиот универзитет во Брауншвајг.
Целта на научниците е со нивниот лек до есен да се лекуваат првите пациенти со Kовид-19