Одлуката на Светскиот конгрес за вакцини – 2021 (World Vaccine Congress Washington – 2021), која во средата го прогласи препаратот на американската компанија „Модерна“ за најдобар во светот, е чудна и контроверзна, изјави директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
„Можам да кажам дека е целосно нејасно според кои параметри е оценето, ако се земе предвид високата смртност од вакцините со информациска РНК и препаратот на ‘Астразенека’, која исто така е висока, но е многу пониска од РНК-вакцините. Чудна одлука е тоа. Нејасно е на што се заснова, врз кои специфични индикатори“, рече Гинцбург.
На форумот, кој се одржува секоја година во Вашингтон, вакцината „Модерна“ победи во номинацијата за најдобра вакцина против ковид. На интернет-страницата на конгресот се наведува дека вакцината направена од компанијата „Фајзер“ заедно со германскиот партнер „Бионтек“ добила многу висока оценка. Во потесниот избор влегол и рускиот „спутник В“, како и препаратот на британско-шведската компанија „Астразенека“.
Инаку, во Русија се регистрирани три вакцини против Ковид-19. Прво е направена „спутник В“, која во моментов е одобрена во 64 земји во светот.
Креаторите на вакцината тврдат дека стапката на смртност по вакцинирањето со руската вакцина е многу пониска отколку кај странските вакцини. Така, за „Фајзер“ просечната стапка на смртност на милион дози е 39,4, за „Модерна“ – 20,2, а за „спутник В“ – само две. Истражувањето е спроведено врз основа на официјални податоци од 13 здравствени регулатори од 19 април.