Бројни очевидци тврдат дека етиопската армија и нејзините соработници масакрирале стотици цивили во градот Маи-Кадра, недалеку од границата со Судан, во регионот Тиграј.
Според очевидци, за време на првичниот хаос што настана за време на првите денови од офанзивата на етиопската армија против бунтовниците во Тиграј, етиопските војници и нивните помагачи убивале цивили со мачети и ножеви или ги давеле со јажиња, додека телата на жртвите останале со денови не погребани.
Воените злосторства започнаа на 9 ноември во малиот град недалеку од границата со Судан, но сè уште не е јасно кој ги извршил злосторствата, со оглед дека биле камуфлирани во инуформи од офанзивата на етиопската армија.
Скоро 50.000 луѓе побегнаа од Етиопија во Судан, многумина тврдат дека припадниците на етиопската армија „убивале кога стигнале“.