Актерката и модел Мадалина Дијана Генеа била една од ѕвездите на овогодишниот Римски филмски фестивал којшто траел од 13 до 23 октомври.
Со серија модни изданија таа ја разубавила атмосферата на црвениот тепих, а јавноста можела само да ужива во стилот на наследничката на Софија Лорен, како што ја нарекуваат славната бринета.
Мадалина присуствувала на премиерата на филмот „Era Ora“, а не ја пропуштила ниту проекцијата на „Lamborghini – The Man Behind the Legend“.
Кој и да ги бирал нејзините фустани за овој гала-настан, таа навистина изгледала неверојатно и привлекла големо внимание.
Убавицата родена во Италија изгледала како олицетворение на гламурот со кој ги маѓепсала присутните на настанот, но и целата јавност.
Раскошните фустани ја истакнале нејзината женственост и фатална убавина.
А, неколку денови пред да приреди спектакл на фестивалот, прекрасната Романка која со години живее во Италија била на отворање на ресторан во Милано, во чест на легендарната Софија Лорен, па така таму се сретнале филмската дива и нејзината наследничка.