Зендаја е иднината. Актерката изгледала и повеќе од необично на премиерата на филмот „Dune Part Two“, облечена како – робот.
Зендаја го направила невозможното, на премиерата на филмот се појавила облечена во одело кое никој досега не го носел на ваков начин. Имено, креацијата од 1995 година на дизајнерот Тјери Миглер ги оставила без текст сите присутни.
Облечена како робот со исечени стратешки делови, Зендаја изгледала како да дошла од некоја друга димензија.
Актерката од почетокот на премиерата на овој филм се појавувала во необични и интересни модни кереации, но овојпат се надминала самата себе.
Тимоти Шаламе, нејзиниот колега од филмот и добар пријател, останал без текст кога ја видел Зендаја како излегува на црвениот тепих.
Слична реакција имала и публиката која била во транс кога Зендаја го покажала новото роботско одело кое го носела со металик ракавици и чизми на висока потпетица.