На Фејсбук страницата „Грција-група за туристи“ се појавила фотографија со опис: „Во Грција вака се летува“.
На неа во средина се гледа група девојки како спијат на тераса, па токму затоа започнала расправа што всушност се случило во тој апартман.
„Какви комарци, ништо не им пречи, само да спијат“, „Ма, жешко е внатре“, „Којзнае каква забава имало претходната ноќ“, се некои од коментарите под фотографијата.