Грофицата Изабел Д’Орсеј има 85 години и сè уште е глава на најлуксузната компанија Sisley Parzi, а куќата во која живее е вистинско уметничко дело.
Во нејзината дневна соба има историја, уметност од различни векови, разнобојни ткаенини, а целта на сето тоа е удобност и задоволство.
Зелено-златната комбинација на бои во дневната соба е инспирирана од Версај, додека на ѕидот има слика од Анселм Кифер, што ја купила пред две години:
„Тоа е слика што ја претставува Марија на третиот ден од Христовото воскреснување. Мојот сопруг почина кратко откако ја видов оваа слика и ми се допадна идејата што Марија веројатно била многу среќна кога дознала дека нејзиниот син воскреснал.“
Откако нејзиниот сопруг и девер изградиле вистинско царство кога станува збор за производството на козметика, воопшто не чуди фактот што и Изабела набрзо се вклучила во бизнисот.
Се присетила дека тогашниот претседател на Франција ја распрашувал за нејзиниот „мал бизнис со козметика“.
„Многу работам за среќата на луѓето, бидејќи кога жените се задоволни со себе, и нивните семејства се среќни. Тоа е она што јас го правам за нашата земја – така му одговорив, а оттогаш секогаш ми поставуваше сериозни прашања за работата“, раскажала Изабела.
Изабела открила дека токму оваа куќа го имала тој елемент на зближување различни луѓе во служба на нивниот бизнис. Секоја прослава, коктел или конференција биле организирани токму во нивната куќа.
„Сакам да запознавам луѓе кои можат да си бидат корисни едни на други. Тоа е поентата на социјалниот живот.“
Нејзиниот син Филип, претставник на компанијата Sisley Parzi вели дека се сеќава на насмевките и работната атмосфера во оваа куќа. Иако планирал да се занимава со новинарство, тој ја презел компанијата кога неговиот брат Марк загинал во сообраќајна несреќа во 1986 година.
Никој не може да не ги забележи полжавите што „ползат“ по ѕидовите на оваа велелепна куќа. Тие се чудесна креација на уметникот Жан-Франсоа Мије.
„Сопругот не можеше ни да ги замисли тие полжави во куќата, а потоа ги затекна како висат од таванот. Беше многу интересно“, раскажала Изабела објаснувајќи ја декорацијата на својот дом.