Северина Вучковиќ се прослави порно видео со бизнисменот Милан Лучиќ во 2004 година. По секс скандалот, овој милионер извесно време се повлече од јавниот живот. Тој бил фотографиран во Загреб по излегувањето од црквата. Судејќи по фотографијата, Лучиќ ужива во празничната идила бидејќи весел и насмеан. Важеше за еден од најпосакуваните мажи.
Во моментот кога експлицитното видео стигна до медиумите, пејачката беш верена со Среќко Варгек, со кој раскинаа неколку месеци подоцна.
Северина и Лучиќ врската ја започнале во 2000 година, а бизнисменот бил многу галантен кон пејачката. Од него добивала скапи подароци, а пишувало дека добила дури и коњ кој подоцна го продала.
Медиумите пишуваа дека Лучиќ наводно ја изневерил бремената сопруга со Северина, која му простила и со која и денес е во брак. Тие двајца, како што се пишуваше, раскинале откако се породила сопругата на Лучиќ и кога Северина сфатила дека тој нема да го напушти семејството.
Во 2017 година, Лучиќ беше дел во друг скандал. Имено, тој и уште неколку лица беа уапсени во акцијата Ускок под сомнение дека незаконски стекнале неколку милиони евра од стечајни компании низ повеќегодишна проневера. Според медиумите, бизнисменот намерно ја довел својата компанија во банкрот, а стечајниот управник со кој имал договор му овозможил преку друга компанија да извлече вредна недвижност од стечај, да ја продаде и да заработи милионска сума.