Витката бринета била „уловена“ во едноделно, црно бикини кое ја нагласувало нејзината фигура на тело.
Таа денот го поминала уживајќи во капењето и сонцето, а друштво ѝ правел сопругот Дмитри Расам, филмски продуцент и син на легендарната француска актерка Керол. Парот е во брак од 2019 година, а една година претходно го добиле синот Балтазар.
Убавата принцеза од Монако, како што медиумите ја нарекуваат, иако не ја носи официјално таа титула, од врската со познатиот француски комичар и актер Гад Елмалех го има 8-годишниот син Рафаел.
„Јас не сум принцеза. Мојата мајка е принцеза, јас не сум. Јас сум внука на шефот на државата. И со тој статус добив некои репрезентативни должности, ништо многу тешко“, изјавила Шарлот Казираги во една прилика за „Vogue“, прекрасната ќерка на Каролин од Монако која е 11-та по ред за престолот.
Таа во минатото професионално се занимавала со јавање на коњи, а денес работи како ПР и амбасадорка во париската модна куќа „Chanel“.