Епидемијата од корона вирус ќе потрае. Малку е веројатно дека САД, но и светот ќе можат во потполност да го елиминираат корона вирусот, пишува Си-ен-ен.
Но, ќе дојде ден кога веќе нема да има пандемија, кога случаите веќе нема да излегуваат од контрола, а болниците нема да бидат изложени на ризик од пренатрупаност. Многу стручњаци предвидуваат дека во иднина корона вирусот ќе се однесува како сезонски грип.
Но, помалку е јасно како и кога ќе се случи тоа.
„Не постојат јасни мерила кои може да кажат нешто за епидемија или пандемија. Сето тоа е во очите на набљудувачот – и тоа е дел од проблемот„, вели за Си-ен-ен д-р Арнолд Монто, професор по епидемиологија на Универизитетот во Мичиген и вршител на должност претседател на Советодавниот одбор за вакцини и сродни биолошки производи на американската Управа за храна и лекови.
„Значи, се се темели на правила. Обично се темели на она што мора да го направите за да контролирате избивање и ширење“, рече Монто. „Тоа што во случајот со епидемијата на корона вирусот е поинаку е тоа што вакцините се многу делотворни од она што обично го гледаме“, додава тој.
Добра вест, според него, е моќта на вакцините. Лошите вести доаѓаат од способноста на вирусот да се менува и развива. „Никој не може да предвиди каква е иднината на Ковид-19 – а, појавата на варијантите на корона вирус, како делтата, го помести патот“, вели тој.
„Како што се појавија варијантите – јас тоа го викам парада на варијанти – сега гледаме многу поопсежен пренос и многу повоедначено ширење на глобално ниво. Тоа го отежнува прогласувањето крај на пандемијата“, вели Монто.
Ендемска фаза
Монто и други членови на јавното здравство предвидуваат дека светот во иднина може да го следи ширењето на САРС-Ков-2, вирусот кој предизвикува Ковид-19, на начин сличен како што се следи сезонски грип.
„Немаме поим дали ќе видеме таков сезонски образец и за САРС-Ков-2, но нас тоа нè потсетува дека повеќето наши респираторни висруи почнуваат да се однесуваат како сеознски случувања“, рече Монто.
„Дали САРС-КОв-2 почнува така да се однесува, не знаеме, но тоа ни е барем едно сценарио дека би можел така да почне да се однесува“, додава. Како што вели, „мора да чекаме и да видиме“, за да дознаеме како може да изгледа ендемската фаза на корона вирусот.
Ендемска значи болест која има постојана присутност во популацијата – но не влијае алармантно на бројот луѓе како што обично се гледа во пандемија. Дури и на почетокот на 2020 година, додека пандемијата зајакнуваше, функционерите од СЗО предвидеа дека новиот корона вирус „би можел да стане уште еден ендемски вирус во нашата заедница“, и дека никогаш нема да исчезне.
„Кога размислувате за пандемии, вие сте во фаза на пандемија, а потоа имате фаза на успорување, потоа контролна фаза, а потоа се надеваме дека ќе имаме елиминација, а можеби и искоренување на вирусот“, рече д-р Антони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за заразни болести.
„Се надеваме дека вирусот ќе се намали на толку мали количини, па и да не биде потполно елиминиран, нема да има големо влијание на јавното здравје или на начинот на кој ги водиме своите животи“, додаде Фаучи.
Додека американското Министерство за здравство и социјални услуги минатиот месец ја обнови својата одлука во САД да продолжи вонредната состојба, сојузните здравствени власти размислуваат за тоа да се измери крајот на пандемијата и да продолжат да го следат вирусот откако ќе стане ендемски.
Има уште многу да се направи
За премин од пандемија во ендемска фаза нацијата мора да изгради имунитет на корона вирусот, што значи дека мора да се вакцинираат што повеќе луѓе, рече д-р Филип Ландгрин, педијатар и епидемиолог од Бостонскиот колеџ за Си-ен-ен. Бидејќи некои Американци уште одбиваат да се вакцинираат, а некои одбиваат да носат маски, преминот би можел да потрае.
Во моментот околу 58 отсто од вкупната популација на САД е потполно вакцинирана против Ковид-19.
„Мора да достигнеме над 80 отсто, можеби и преку 90 отсто од популацијата со имунитет“, вели Ландгрин, кој работел во ЦДЦ 15 години.
За да го контролираат ширењето на вирусот на сипаници во популацијата во САД, „мораше да ја подигнеме стапката на имунитет над 99 отсто, а дури и тогаш имавме споредични епидемии. Тие епидемии обично доаѓаа кога има група луѓе на одредено место кои не се имунизирани“, вели Ландгрин. „Но, тоа не е епидемија, тоа е жариште“, додава.
За сега ЦДЦ вели дека уште има многу работа за да се спречи ширењето на корона вирусот.
„Знаеме дека уште многу мора да направиме за да го сопреме ширењето на Ковид-19 и да ја сопреме пандемијата. Уште бележиме премногу нови случаи, хоспитализации и смртни случаи. Затоа ги поттикнуваме постарите од 5 години да се вакцинираат за да се заштитиме од Ковид-19“, напиша портпаролката на ЦДЦ Кристен Нордлунд минатата недела.
Токму како борба против грипот?
„Важно е да продолжиме да практицираме превентивни мерки за кои знаеме дека делуваат – вакцинација, носење маски во јавност, останување дома ако сте болни и често миење раце“, додаде таа.
ЦДЦ препорачува речиси сите постари од 6 месеци да се вакцинирата против грип секоја година. Но, во текот на сезоната од грип 2019-2020 само околу половина од тие луѓе се вакцинираа.
Агенцијата проценува дека грипот предизвикува 12.000 до 52.000 смртни слуачи секоја година од 2010 до 2020 година. Корона вирусот досега во САД уби повеќе од 750.000 луѓе.
Битката против корона вирусот секоја година може да изгледа како годишните битки против грип.
„Многу размислувавме за тоа како ќе изгледа ендемската фаза и за податоците кои треба да ги собереме во текот на таа фаза. Секако, токму сега собираме податоци за случаите, хспитализациите, смртноста“, вели д-р Рошел Валенски, директорка за Центарот за превенција од болести.
Како ќе изгледа иднината со крона вирус?
ЦДЦ соработува со здравствените оддели, болници, оние кои пружаат здравствени услуги за да го следи дијагностицирањето на случиате со грип, да утврди кои вируси циркулираат и да се измери влијанието кое го имаат на хоспитализацијата и смртноста.
Една идеја е кога корона вирусот ќе стане ендемичен, сличен состав на следење да се воспостави за него.
„Може да ги следиме случаите како што работиме со сезонскиот грип – каде можеме да кажеме дека знаеме оти ќе видиме бројни случаи во текот на зимата и може да се спремиме за тоа, за разлика од налетите со кои се соочуваме во денешната пандемија“, вели д-р Стивен Пароди за Си-ен-ен.
„ИМаме уште многу работа за да стигнеме таму каде што сакаме да бидеме и мислам дека оваа транзиција ќе ја видиме во текот на 2022 година. Но, за некои краеви може да да трае и подолго“, додава.
„Знаеме дека ќе има случаи“, рече Монто. „Веќе имавме искуство со пандемијата од грип. Значи, знаеме како се однесува. Ова е ситуација која се развива со потполно нов патоген“, вели Монто.