Македонската ТВ водителка и инфлуенсерка Миа Костова на својот Јутјуб канал го објави своето најново видео во кое заедно со Тијана Скулиќ на хумористичен начин ја прикажува состојбата во нашиот здравствен систем. Инфлуенсерката во видеото глуми главна сестра, додека Тијана има две улоги – пациент и млада сестра.
На почетокот на видеото, поранешната водителка напоменува дека оваа содржина нема политичка конотација, ниту има намера да ги деградира здравствените работници.
„Сите ликови и имиња во ова видео се измислени. Секое препознавање е чиста случајност“, вели Миа на почетокот од видеото.
Миа Костова, заедно со Тијана Скулиќ, на хумористичен начин ја прикажува состојбата во нашиот здравствен систем, барем во некои здравствени оддели и клиники.
Инфлуенсерката во видеото глуми главна сестра, додека Тијана има две улоги – пациент и млада сестра.