„Со вакцинацијата против грип може да се елиминира еден дел од опасноста која што ни се заканува наесен“ – објаснил професорот д-р Бранислав Тодоровиќ за српски „Телеграф“.
-Навременото вакцинирање против грип значи отстранување барем на дел од опасноста навреме. Значи, ние нема да ја елиминираме короната со тоа, но можеме да отстраниме еден од факторите што може да ги отежнат проблемите со короната. Тоа значи вакцинирање пред се на приоритетни групи, стари лица и хронично болни, а можеби и други – рече проф. Д-р Тиодоровиќ.
Професорот вели дека зависи од нас дали третиот пик може да и се случи на Србија до крајот на летото.
„Дали ќе има уште еден пик зависи од тоа дали ја разбираме сериозноста и тежината на оваа болест. Тоа зависи од нас “, истакнува тој.
Според него, она што ќе се случи со нас на есен, зависи многу од тоа како јужната хемисфера, особено Бразил, Аргентина и Австралија, ќе се борат со вирусот сега.
„Ако вирусот остане таму, тогаш ќе имаме голем проблем на есен. Но, ако успеат да го потиснат и да го намалат на спорадична појава, тогаш тоа ќе изгледа како пандемски грип кој станал сезонски “, објаснува проф. Д-р Тиодоровиќ потенцира дека единствената вистинска мерка е да се носат маски, дезинфекција и да се одржи растојанието.