Директорката на Институтот за онкологија и радиологија на Србија, Даница Грујичиќ изјави дека пациентите со онкологија кои се на зрачење треба да се консултираат со своите избрани лекари за вакцината против ковид.
Грујичиќ, како гостин во РТС дневно, рече дека сите онколошки пациенти кои победиле било какво малигно заболување или сега се во мирна фаза, можат слободно да примат каква било вакцина против ковид.
– Оние кои примаат терапија или чекаат на операција, треба да разговараат со нивниот онколог дали да се вакцинираат сега, бидејќи тоа се специфични случаи и секој е за себе. Како што мисли лекарот што ги води, и тие треба да го сторат истото – истакна Грујичиќ.
Таа посочи дека оние пациенти кои примаат хемотерапија имаат послаб имунитет, кој опаѓа, па давањето вакцина може да биде „истрел во празно“.
Директорката на Институтот во Србија, спомена дека оние кои прележале ковид-19 треба да им допуштат прво да се вакцинираат оние кои немале вирус или имале, но развиле малку антитела. Таа рече дека, според податоците што ги има, антителата траат од шест до осум месеци.