Раперот Канје Вест и неговата екстравагантна сопруга Бјанка Ценсори повторно го привлекоа целото внимание со своите аутфити во кои се појавија во Лос Анџелес. Двојката е снимена додека пристигнувала во италијански ресторан. Раперот, како и обично, беше облечен во црно, а неговата сопруга во проѕорен фустан кој не ги крие ни интимните делови.
Бјанка и за ова вечерно излегување го задржа својот контроверзен стил со полуголи изданија. Архитектката се појави во проѕирен фустан од латекс под кој се гледаа нејзините гради и други интимни делови од телото. Таа не носеше долна облека, а аутфитот го комплетираше со црвени чорапи и сатенски потпетици.
Да потсетиме, раперот и неговата сопруга се венчаа во декември 2022 година, само неколку недели откако го финализираше разводот со 43-годишната Ким Кардашијан, со која има четири деца.