Бјанка Ценсори неодамна изненади многумина со изборот на облека за велигденското дружење со децата на Канје Вест. Тогаш беше целосно облечена, но сега продолжува со полуголите изданија.
Таа е снимена со својот сопруг во Лос Анџелес кога пристигнале на вечера во ресторан. Таа пристигна во црн градник и хеланки од тантела во боја на кожа. Не носела долна облека, а интимните делови ги покрила со чантата. Канје, како и обично, беше облечен во црно.
Двојката неодамна беше фотографирана и како оди во кино кога Бјанка носеше гаќички од тантела и сино боди без прерамки.
За потсетување, Бјанка веќе извесно време се појавува насекаде во разголени изданија и покажува интимни делови од своето тело, а раперот нејзините експлицитни фотографии и видеа ги објавува на „Инстаграм“.