Актерката и поранешна Мис Универзум, Масиел Таверас, го привлече вниманието на минувачите пред еден салон за убавина во Лос Анџелес.
Во истиот салон пред неколку дена била и Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест која тогаш беше фотографирана речиси гола.
Во слично издание се појавила и Таверас. Актерката ги прекрила градите со проѕирна фолија, а доле носела танга во боја на кожа и нешто што наликувало на мрежеста торба која ја носела како здолниште. На нозете носела само чорапи во беж боја.