Контроверзната сопруга на озлогласениот рапер Канје Вест, Бјанка Ценсори, привлекува внимание со својот екстравагантен начин на облекување и облеката која понекогаш открива повеќе отколку што треба, но овој пат сите погледи беа насочени кон нејзината нова фризура.
Ценсори беше видена со Вест за време на нивното ноќно излегување во Париз, а нејзината нова розова фризура изненади многу нивни следбеници, пишува „Ју-ес магазин“.
Контроверзниот пар присуствуваше на ревијата на модниот бренд Прототајпс и иако овој пат во центарот на вниманието беше новата фризура на Сенсори, тешко беше да не се забележи нејзината облека.
Овој пат тоа беше едноделен костим во кремаста боја, кој речиси целосно го покажа нејзиното тело. Ваквите изданија веќе не ја изненадуваат јавноста, која е навикната на оскудно облечена Сенсори. Од друга страна, нејзиниот сопруг, 47-годишниот рапер, се прошета во бела комбинација и лицето го покри со маска, а главата со качулка.