Бјанка Цензори, сопругата на раперот Канје Вест, повторно ја изненади јавноста со својот аутфит.
Таа шеташе низ Лос Анџелес во проѕирна маица со долги ракави без градник под него.
Оваа 29-годишна девојка беше фотографирана од папараците кога излегуваше од салонот за убавина, овој пат без сопругот Канје, со кого најчесто се појавува во јавноста.
Под потполно проѕирната маичка јасно се гледаа брадавиците, а аутфитот го комплетира со шорцеви кои повеќе личат на гаќички во боја на кожа и чевли со мала потпетица. На главата носеше маскирна капа, која ја носеше и кога неодамна се појави на улиците на Лос Анџелес во мал градник кој и ги покриваше само брадавиците.
Медиумите наведуваат дека Бјанка би можела да биде казнета во Калифорнија поради ваквото облекување.
Потсетуваме дека поради скудната облека на Бјанка, рестораните одлучија да им забранат на Канје Вест и на неа да влегуваат во нивните ресторани. „Ако јас сум сопственик на кој било објект во кого што има намера да влезе оваа двојка, ќе им кажам, од почит кон моите гости, дека не смеат да влезат“, рече еден сопственик на ресторан, а со него се согласија и многу други.