Салма Хајек дефинитивно знае дека ги израдува своите фанови со фотографии на Инстаграм, што и овојпат го докажа позирајќи во бикини додека ужива во вода и на тој начин докажа дека му пркоси на времето.
Секако, нејзиното деколте е во преден план.
„Ако сте заборавиле да донесете новогодишни одлуки, јануари сè уште трае. Донесов моја, но ова го додавам на списокот“, напиша актерката во објавата под која следуваа само комплименти.
„Моја голема љубов“, „Секогаш убава“, „Засекогаш најубава“, „Многу, многу убава“, „Како вино си, со годините изгледаш подобро“, „Каква кралица“, „Најсовршената жена во светот“, се само дел од многуте комплименти напишани од нејзините обожаватели.