Во неделата се одржа 95-тото доделување на Оскарите, најважната и најгламурозната вечер во годината во светот на филмот, а по церемонијата се одржа и традиционалната забава на магазинот Vanity Fair, која го собра самиот крем на Холивуд и најмногу познати фаци на шоу-бизнисот.
На оваа забава пристигна и Џеф Безос, третиот најбогат човек на планетата, придружуван од неговата девојка Лорен Санчез, од која практично не се разделува од денот кога ја објавија врската.
Милијардерот избра класичен црн костум, комплетирајќи го со машна, но неговата избраничка ги привлече сите погледи во прилично смелa тоалетa којa наиде на бројни реакции на социјалните мрежи, не оставајќи никого рамнодушен.
Атрактивната 53-годишна девојка се појави во гламурозен црн фустан, чиј горен дел е во форма на боди, а долниот е целосно проѕирен, но украсен со специфична работа, поточно вертикални и хоризонтални пруги со светки.
Овој фустан го краси импозантно деколте кое ги открило бујните гради на оваа водителка, а мора да признаеме дека треба да имате многу самодоверба за да го носите.