Албанскиот портал Ина-онлајн денеска објави фотографија од кабинетот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а на која се гледа како шефот на македонската дипломатија има состанок со луѓе, но додека се одвива состанокот тој практично прима инфузија.
Пластично шише полно со течност е закачено на закачалката, а цревото за инфузија е доволно долго за да стигне до фотелјата на којашто седи министерот.
Ваквата фотографија предизвика лавина коментари на социјалните мрежи:
„Сето тоа што му тече во инфузија може да го земе како таблети и да пие повеќе течности. Нема повреда на устата. Театар само пред луѓето“.
„Леле, театар Лево ќоше“.