Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина.
„Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставиме и нашата амбасада во Украина. Северна Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ, напиша Османи на Фејсбук.
Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на земјава во Украина, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.
Тој на својот Фејсбук профил објави фотографии од неговото патување и пристигнување во Киев на кои мора да признаеме дека изгледа како на модна писта.