Срѓан Керим е меѓу 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи (МНР)
Покрај него на листата се и Валентина Божиновска, Марјан Ѓуровски, Нано Ружин, Денко Малевски, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски.
„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Бујар Османи на прес-конференцијата.
Инаку, против поранешниот министер за надворешни работи Срѓан Керим се води истрага за околу злоупотребите во МПМ, фирмата која ги издаваше дневните весници „Вест“, „Утрински“ и „Дневник“ и магазинот „Теа Модерна“. Откако Керим и директорката Јана Станисављева го однесоа МПМ во стечај, доверителите останаа со ненаплатени долгови од оваа компанија во износ од над 3 милиони евра. Потоа тој замина да живее во Опатија, Хрватска.