Благоја Георгиевски – Буштур синоќа пред трагично да го загуби животот бил на вечера со популарниот пејач на Дивља јагоде и Бијело Дугме, Ален Исламовиќ.
Ален не може да поверува дека животот го загуби неговиот голем пријател.
„Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер бевме заедно на вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочуство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша пејачот на својот Фејсбук профил.