На војвотката Меган Маркл бракот со британскиот принц Хари и е втор. Таа порано беше мажена за филмскиот продуцент Тревор Енгелсон.
По седум години врска, Меган стапила во брак со Тревор во 2011 година на плажа на Јамајка. Свадбената церемонија траела 4 дена и била исполнета со луда забава и игри со алкохол на плажа. Имало коктели, скара на отворено и танцување во бикини.
Бракот траел две години, до 2013 година, кога парот се развел и како причина навел „непомирливи разлики“.
Интересно е што по разводот Меган венчалната бурма на Тревор му ја вратила по пошта.