На граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија – Гуешево-Деве баир македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот на „Преродба“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани, пишуваат бугарските портали.
Како што пишува бугарскиот портал „24 Часа“, бугарски државјани подолго време биле задржани на граничните пунктови за Македонија.
Бугарските портали објавија и видео преземено од фејсбук профилот на Георгиев, кој покажува автомобили наредени, кои со часови чекаат да ја поминат границата.
Во видеото се слуша како маж вика кон граничарите дека македонските власти привеле маж од автомобил кој чекал на граница.
„Зошто го внесовте, зошто го правите ова“, им викал човекот на граничарите. После тоа започнал судир меѓу македонските граничари и Бугарите.